Фудбал
ВИДЕО: Елмас и Наполи победија, но доживеаја елиминација
Наполи и Елиф Елмас славеа со 2:1 на домашен терен на реваншот против Гранада со 2:1, но сепак не успеаја да се спасат од елиминација во ЛЕ. Првиот меч шпанскиот тим го доби со 2:0, па Елмас и неговиот тим немаа сила за анулирање на тој резултат.
По три минути Зелински му донесе водство на Наполи, но во 25-тата Монторо израмни на 1:1, што го направи мечот потежок за Наполи на кој му требаа уште два гола за продолжување на натпреварување. Сепак, до крајот успеа да постигне само уште еден преку Руиз во 59-та минута. Елмас играше до 60-та минута.