Фудбал
ВИДЕО: Елмас со минутажа на тацна, Наполи чекори кон Лига на шампиони
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас на гостувањето кај Сампдорија каде неговиот тим Наполи славеше со 2:0 во игра влезе во 90-тата минута. Немаше ниту време да го испоти дресот како што треба. Но, во последно време Елмас има мала минутажа кај Гатузо, обично влегува во последните моменти од мечевите.
Но, Наполи игра солидно во последно време. Со денешната победа собра 59 бодови и се најде на четвртото место на табелата кое носи пласман во Лигата на шампионите. Сепак, Аталанта има еден бод, но и натпревар помалку, па се чини дека борбата во последните осум кола ќе биде голема.
Инаку, стрелци на головите за победа на Наполи беа Руиз во 35-та и Озимех во 87-ма минута.