Фудбал
ВИДЕО: Енис Барди и Леванте немоќни против Реал Мадрид
Реал Мадрид ја продолжи победничката серија и на гостувањето кај Леванте на македонскиот репрезентативец Енис Барди. Винисиус Жуниор и Бензема стрелаа по еднаш за нови три бодови. Со ова „Кралевите“ врзаа три победи во низа од четири одиграни кола во новата сезона. Барди го одигра целиот меч, а заработи и жолт картон поради груб прекршок. Леванте во новата сезона има скор од една победа и три порази.