Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Фернандеш ќе биде нов капитен на Манчестер Јунајтед, погледнете ја неговата реакција кога го дозна тоа

Манчестер Јунајтед му гостува на ПСЖ во рамките на Лигата на шампионите од новата сезона. Тренерот на „Црвените ѓаволи“ на прес конференција зборуваше за тимот и подготовките, но она што го откри, а никој не го знаеше, па ниту самиот фудбалер е тоа кој ќе ја носи капитенската лента.

-Капитенот ќе биде човекот што седи до мене, рече Солскјер на прес конференција, а Бруно Фернандеш не го очекуваше тоа и секако неговата реакција беше неверојатна. Мечот се игра вечерва со почеток во 21:00 часот.