Фудбал
ВИДЕО: Фиго брутално се пошегува со висината на Роберт Карлос – Бразилецот „пукна“ од смеа
Легендите на Реал и Барселона вчера одиграа пријателски натпревар во главниот град на Израел, Тел Авив.
Голем број љубители на фудбалот дојдоа да ги поздрават вистинските фудбалски легенди, и на крајот Реал ја прослави победата со резултат 3:2.
На теренот имаше играчи како Роналдињо, Ривалдо, Луис Фиго и Роберт Карлос, а токму Фиго и Карлос беа одговорни за налетот на смеа пред почетокот на мечот.
Нискиот Карлос (168 см) беше капитен на Реал на овој натпревар. Пред натпреварот момчињата кои излегоа на теренот со играчите бараа фотографија за паметење, а Карлос позираше со големо задоволство.
Фиго тогаш реши да се пошегува со висината на славниот Бразилец. Тој од публиката издвои момче кое порасна доста за неговите години и кое беше повисоко од скоро сите играчи на двата тима и го донесе кај Карлос.
Неговиот потег предизвика смеа, а Карлос не можеше да верува дека момчето е многу повисоко од него.
Вака изгледаше сето тоа.