Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Генијален голман погоди од својот гол во празниот противнички гол

Мексиканскиот голман на бразилскиот Атлетико Морил, Сантијаго Рамирез покажа одличен талент и постигна прекрасен гол против Селаја во финалето на турнирот Класура.

Во судиското надополнување на реваншот, неговиот тим имаше водство од 2-1 на гости и вкупни 3-2, принудувајќи го противничкиот голман Алисон Ревуелта да влезе во шеснаесетникот при корнер во обид да израмни.

Наместо тоа, Рамирез успеа да ја фати топката и со сите сили ја шутна кон празниот противнички гол, ја погоди и зголеми на 3:1. Мечот беше типичен за Јужна Америка и заврши со дури пет црвени картони.