Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Георгина ја зеде машинката во своите раце и го истрижа Роналдо

Кристијано Роналдо веќе некое време е во домашна изолација во Португалија со семејството.

Роналдо пристигна во Мадеира еден ден пред да се потврди дека еден играч на Јувентус е заразен со коронавирус. Тој реши да остане во домашна изолација во Португалија, каде што се уште е и денес со семејството.

Португалецот сигурно ужива да поминува време со семејството и пријателите, а денес објави интересно видео на социјалните медиуми.

Имено, тој не може да ја напушти изолацијата и затоа е невозможно за него да го посети својот фризер. Машинката ја зеде неговата девојка Георгина која ја презеде фризерската работа.

Но, дали таа ја истриша и „опашката“ на Роналд што го краси веќе некое време останува да се види.