Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Ги бркале играчите на теренот, го уништиле ВАР мониторот и удриле на полиција, а потоа пристигнале и специјалците

Фудбалерите на Гремио синоќа беа поразени на домашен терен од Палмеирас во натпреварот од 29. коло на бразилската Серија А, што предизвика големо незадоволство кај навивачите на домашниот тим.

Палмеирас синоќа славеше во Порто Алегре со 3:1 и зададоја уште еден удар за Греми, кој е пред елиминација од друштвото на најдобрите.

Гремио моментално е претпоследен на табелата со дури 15 порази на 27 натпревари, а го чека грчевита борба за опстанок во преостанатите девет кола.

Синоќешниот пораз тешко им падна на навивачите на Гремио, кои по натпреварот направија тотален хаос на стадионот. Група навивачи успеале да истрчаат на теренот и почнале да кршат се пред себе.

Навивачите го уништија ВАР мониторот кој се наоѓаше веднаш до влезот во тунелот во кој неколку моменти претходно влетаа играчите на двата тима.

Фудбалерите на Греми излетаа од теренот кога видоа како гневните навивачи ја прескокнуваат оградата на трибините и одат кон нив. На овој начин покажаа колку се незадоволни што еден од најтрофејните бразилски клубови е пред испаѓање.

Чуварите и полицајците кои биле на терен се обиделе да ги спречат овие хулигани, но кога сфатиле дека можат „да платат со глава“, се откажале додека на теренот не се појавиле специјалците со пушки.