Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Глупоста на Имобиле не му помогна на Интер да слави на „Олимпико“

Лацио и Интер ги поделија бодовите во попладневното дерби. Мечот заврши 1:1, а иако Интер водеше, па потоа имаше и играч повеќе на теренот, сепак не успеа да слави на крајот. Лаутаро Мартинез по половина час игра донесе водство за гостите од Милано.

Интер беше подобар во првиот дел, се чинеше дека го контролира мечот. Сепак, во второто полувреме, невнимание во одбраната, па Миленковиќ-Савиќ израмнува на 1:1.

Во 70-та минута најдобриот фудбалер на Лацио, Имобиле заработи црвен картон откао му удри шлаканица на Артуро Видал. Сепак, ниту ова не му помогна на Интер да дојде до трите бодови. На неколку минути до крајот на мечот силите на теренот беа израмнети откако Сенси заработи црвен картон поради неспортско однесување и туркање на противникот.

Интер има седум бода по три одиграни меча, а Лацио четири.