Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Гол шоу на Баже Илијоски – три гола во мрежата на Пелистер

На денешниот натпревар од ПМФЛ помеѓу Шкупи и Пелистер, несомнено играч на натпреварот е Баже Илијоски кој три пати ја затресе мрежата на Пелистер.

Баже Илијоски во зимскиот преоден рок го напушти Пелистер и премина во редовите на Шкупи, денеска тој буквално го „демолира“ својот поранешен клуб.

Првиот гол го постигна во 12. минута од натпреварот кога голманот на Пелистер испадна од игра, а на Илијоски не му беше тешко да ја затресе мрежата на неговиот поранешен клуб Пелистер и да го зголеми резултатот на 2:0 за Шкупи.

Во 32. минута, Илијоски се најде на точното место кога топката се одби од стативата по шутот на Имери, а Баже ја „турна“ во голот и овој пат го зголеми водството на 3:1 за Шкупи.

На самиот почеток на второто полувреме, односно во 48. минута од натпреварот Баже Илијоски повторно ја затресе мрежата на Пелистер и го постигна својот трет погодок на оваа средба.