Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Голманот на Казахстан ќе има со што да се фали, му одбрани пенал на Мбапе

Франција славеше со 2:0 на гостински терен против Казахстан и стигнаа до првата победа во квалификациите за пласман на СП. Во првиот меч одиграа 1:1 против Украина.

Имаа можност да слават Французите поубедливо, но сепак Мбапе не реализираше пенал во 74-та минута. Поточно голманот на Казахстан Мокин го одбрани ударот со фантастична интервенција. Мокин има 39 години и сигурно е на чекор до пензија, но по овој одбранет пенал ќе има со што да се фали во иднина, бидејќи Мбапе е една од најголемите ѕвезди во моментов.