Фудбал
ВИДЕО: Голманот на Лацио прими гол за паметење
Голманот на Лацио, Томас Стракоша прими гол за паметење на натпреварот против Галатасарај.
Тој прими навистина бизарен гол во 66. минута од натпреварот, еден од најбизарните досега видени.
Тој се обиде да ја исфрли топката, која лошо ја фати неговиот соиграч, но таа му падна од раце и заврши во мрежата.
Овој гол сигурно е во конкуренција за еден од најбизарните во историјата, и е близу до реакцијата на голманот на БиХ, Томислав Пиплица, кој пред две децении прими сеуште необјаснив гол на голот на Котбус.
Погледнете ја оваа бизарна реакција.
El error de la semana se lo lleva el portero de la Lazio “Thomas Strakosha” en su debut en la UEFA Europa League ??pic.twitter.com/0CgubKt0Mj
— Mr.W (@Mrfuckingwinner) September 16, 2021
Албанскиот чувар на мрежа е член на Лацио од 2012 година. Пристигна како млад, а покрај римскиот клуб, на позајмица ја бранеше мрежата во Салернитана.
Севкупно, Томас Стракоша во својата кариера досега бранеше 177 пати за Лацио.