Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Гореше пред „Максимир“ откако Динамо Загреб го елиминираше Тотенхем

Голем успех, неверојатен кам-бек, ако може така да се каже направија фудбалерите на Динамо Загреб, а меѓу нив секако и нашите Арјан Адеми и Стефан Ристовски, откако и покрај поразот до 2:0 на првиот меч, на реваншот славеа со 3:0 и го елиминираа Тотенхем.

Славје имаше во соблекувалната, на теренот, а пред „Максимир“ гореше. Стотици навивачи на Динамо Загреб се собраа на паркингот пред стадионот да го прослават големиот успех на фудбалерите. Имаше и пиротехничко шоу. Како што е познато, поради пандемијата со коронавирусот, нема навивачи на стадионот, но навивачите за момент ги заборавија сите забрани за групирања. Дури и фудбалерите излегоа потоа да ги отпоздрват фановите.