Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Халанд се качи на трибините да му исполни роденденска желба на мало детенце

Борусија Дортмунд е поразена од Баерн Минхен со 3:1 во Суперкупот на Германија. Сепак и покрај поразот, најдобриот фудбалер на „Милионерите“ Ерлинг Халанд не се поколеба да стори навистина нешто што е ретко на фудбалските терени.

Имено, тој забележа на трибините дека едно детенце држи транспарент на кој пишуваше дека му е роденден и дека неговата најголема желба е да добие дрес токму од Халанд.

Напаѓачот одлучи да му ја исполни желбата на детенцето, па кога заврши мечот отиде кај него и му го подари дресот.