Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Хаос пред финалето во ЛШ, се истепаа англиските навивачи

Утре вечер на програмата е финалето во ЛШ. Се среќаваат два англиски тима, Манчестер Сити и Челзи. Мечот се игра на „Драгао“ во Порто, Португалија, а дел од навивачите на двете екипи веќе пристигнале таму. Се појави и видео на кое се гледа дека настанал хаос, односно веројатно под дејство на алкохол помали навивачки групи на двата тима започнале тепачка. Како што е позната двата тима добија од УЕФА по 6000 влезници за своите навивачи.

Финалето се игра утре со почеток од 21:00 часот.