Фудбал
ВИДЕО: Хаос во Португалија, исклучени беа двајцата тренери
Натпреварот од 24. коло во португалската лига Портимоненсе – Порто го обележа инцидентот подолу.
Откако Порто повторно поведе во 68. минута (2:1) над домашниот тим, започна бучна дискусија покрај аут-линијата.
Следуваше судир меѓу двајцата тренери, па така беа исклучени Пауло Серхио од клупата на Портимоненсе и Серхио Консеикао, тренерот на гостинскиот тим.
Гужвата траеше неколку минути, започнаа судири во тунелот, па натпреварот беше накратко прекинат. На крајот, работите се подобрија, натпреварот продолжи каде Порто издвојува нова победа.