Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Хаверц го носи Челзи во ЛШ

Екипата на Челзи во средбата од 34.коло на Премиер лигата на домашен терен во малото лондонско дерби против Фулам стигна до 17-та победа сезонава. Без премногу мака, очекувано „сините“ славеа со 2:0. Јунак беше Хаверџ кој беше стрелец на двата гола.

Сега Челзи има 61 бод на четвртото место, шест повеќе од петопласиранот Вест Хем, но и меч повеќе. Сепак, за очекување е во послените четири кола Челзи да го потврди четвртото место и да обезбеди директен пласман во ЛШ следната сезона.

Standings provided by SofaScore LiveScore