Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: И најголемите ѕвезди имаат емоции, фудбалер на Франција се расплака

Оливие Жиру одигра точно 100 меча за селекцијата на Франција, а по повод тоа „Telefoot“, кој снимаше документарец, приреди мало изненадување, објавувајќи видео порака од неговите три сина. Тие позираа во дресовите со кои Франција играше на СП, па му порачаа на Жиру: Супер тато, знаеш дека ти си нашиот херој.

-Многу ве сакам, одговори Жиру, па потоа се расплака.