Фудбал
ВИДЕО: Ибрахимовиќ доцнел три часа на фестивал, сопрел моторџија и со него се возел 60 километри
Златан Ибрахимовиќ пред неколку дена се појави на фестивалот Санремо. Како што е познато поради повреда не може да игра за Милан, не може ниту да тренира, а дел од своите активности ги пренасочи кој тој фестивал.
Сепак, како што самиот призна, доцнел цели три часа. Кога го прашал водителот зошто, тој одговори дека имало сообраќајна несреќа на автопат, па стопирал моторџија со кого се возел 60 километри да стигне на фестивалот.
-Ако фестивалот не дојде кај Златан, тогаш Златан ќе дојде на фестивалот, кажа Ибрахимовиќ.