Фудбал
ВИДЕО: Има 41 година, неколку килограми вишок, но се уште е волшебник со топка, тоа е Роналдињо
Бразилецот Роналдињо фудбалската кариера ја заврши на почетокот од 2018-та година, но сепак последен негов клуб беше Флуминенсе кој го напушти две години претходно. Се најавуваше негов кам-бек, но во јануари 2018-та соопшти дека е крај.
Иако сега има 41 година и неколку килограми вишок, сепак се уште е волшебник со топката. Роналдињо покажа дел од својата магија на пријателскиот меч на легендите на Реал Мадрид против легендите на Барселона, кој заврши со 3:1 во корист на поранешните ѕвезди на кралскиот клуб.