Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Индепендиенте го освои трофејот во Копа Судамерикана

Фудбалерите на Индепендиенте го опсвоија шампионскиот трофеј во купот Судамерикана, откако ноќеска одиграа нерешено 1:1 на гостувањето во Бразил кај Фламенго во реваншот од финалната пресметка.

На првиот дуел Аргентинците победија минимално со 1:0 и со вкупни 2:1 станаа нови шампиони во клупското фудбалско натпреварување во Јужна Америка.

На легендарната „Маракана“ Лукас Пакета во 29. минута донесе радоста за домашните навивачи која траеше само десетина минути, бидејќи Езекиел Барко пеналот го претвори во изедначување.

Двата тима во второто полувреме пропуштија неколку шанси.

Дуелот, исто така, ќе биде запаметен со настани надвор од теренот. Стотици навивачи на Фламенго ги нападнаа фановите на Индепедиенте при што интервенираше полицијата со шок гранати да ги растера агресивните навивачи.

Powered by WPeMatico