Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Интер ја згази Џенова, Пандев одигра половина час

Интер на домашен терен стигна до убедлива победа од 3:0 против Џенова, која до ова коло имаше серија од седум меча без пораз. Сепак, денеска се покажа дека Интер е пресилен. Само што почна мечот Лукаку, практично во првиот напад донесе водство на Интер. Во 62-та минута Дармијан погоди за 2:0, а конечните 3:0 беа дело на резервистот Алексис Санчез. Македонскиот најдобар фудбалер Горан Пандев во игра влезе во 62-та минута.

Интер е лидер со 56 бодови, седум повеќе од второпласираниот Милан кој вечерва го игра својот меч од ова коло против Рома, а десет повеќе од Јувентус и Аталанта.