Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Интер полни противнички мрежи, ама и лесно прима голови

Екипата на Интер синоќа славеше со 5:2 на гостувањето кај повратникот во Серие А, Беневенто. Два меча, вкупно девет голови за тимот на Антонио Конте, откако претходно со 4:3 славеше против Фиорентина. Синоќа стрелци беа Лукаку (2), Гаљардини, Хакими и Мартинез. На спротивната страна два пати погоди Капрари.

Интер на овие два меча одигра одлично во нападот, ефикасно, но она што може да се забележи дека многу лесно прима голови. На два меча „Нероаѕурите“ примија пет голови, што секако е многу ако се знае дека минатата сезона ја имаа најдобрата одбрана, односно примија најмалку голови.

На вториот меч синоќа Аталанта славеше на гостински терен со 4:1 против Лацио, додека Специја беше подобра од Удинезе исто така како гостин со 0:2.
БЕНЕВЕНТО – ИНТЕР 2:5

ЛАЦИО – АТАЛАНТА 1:4