Фудбал
ВИДЕО: Интер со големо водство против Лацио, дали Серие А добива нов лидер?
Екипата на Интер по првите 45 минути има голема предност во дербито против Лацио од 2:0. Ромелу Лукаку е стрелец на двата гола. Првиот од пенал во 22 минута откако Лаутаро Мартинез беше соборен, а вториот со малку среќа го постигна, кога по лизгачкиот старт на Брозовиќ топката од еден од гостинските играчи се одби и дојде до него, па не му беше тешко од десетина метри да погоди.
Прво беше досуден офсајд, но откако главниот судија доби сигнал од ВАР собата дека додавањето не било од Брозовиќ туку дека топката од фудбалер на Лацио завршила кај Лукаку, голот беше признаен.
Доколку вака заврши мечот, односно Интер победи, Серие А ќе има нов лидер. „Нероаѕурите“ со 50 бодови ќе го преземат првото место од градскиот ривал Милан кој синоќа загуби од Специја со 2:0 и остана на 49 бодови.
Голот за 1:0 на следниот ЛИНК.
Голот за 2:0 на следниот ЛИНК.