Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Иско и Де Геа во центарот на вниманието по натпреварот Иран – Шпанија

Фудбалерот од средниот ред на Шпанија, Иско и голманот Давид Де Геа се најдоа во центарот на вниманието по завршувањето на натпреварот од Светското првенство помеѓу Шпанија и Иран.

Шпанците издвојуваа победа над Иран со 1:0 во значаен натпревар од 2. коло од групата Б, но „Црвената фурија“ со тешки маки дојде до оваа победа.

Колку Иско беше среќен по натпреварот најдобро покажува и неговиот потег кога му пријде на голманот Де Геа и го бакна на нараквицата. Ова видео се појави на друштвените мрежи и за кратко време го видоа многумина.

Иранците имаа неколку одлични шанси во второто полувреме и можеа без проблем да освојат барем еден бод. Треба да се каже и тоа дека Де Геа за разлика од дуелот против Португалија беше сигурен во своите одбрани, па не е ни чудно што Иско ја бакна неговата нараквица.