Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Италија на нозе, првиот човек на Јувентус во клупските простории на Милан

Италијанските новинари утрово забележаа момент кога Андреа Ањели, прв човек на Јувентус, стигна во Каса Милан, односно клупските простории на Милан. Посетата била ненајавена, а на снимката може да се види како Ањели става маска и со торба на грбот влегува во седиштето на Росонерите.

Првиот човек на „Старата дама“ бил придружуван од неколку соработници, а италијанските медими почнаа да шпекулираат со ненадејната посета. Сепак, дали е во прашање формална посета или Јувентус и Милан подготвуваат нешто големо, ќе покаже времето.