Фудбал
ВИДЕО: „Извини, но брзам – Меси го помина Крос со „експлозивен“ дриблинг како да го нема
Заедно со Винисиус Јуниор, Тони Крос беше најдобриот играч на Реал Мадрид во победите над Ливерпул и Барселона.
Во Ел Класико, тој исто така успеа да го матира Андреа Тер Штеген од слободен удар. Вистина, голот дојде со многу среќа откако топката се одби од играчот на Барселона.
На крајот од играта, Германецот беше избран за најдобар поединец во најголемиот натпревар на шпанскиот фудбал затоа што е најзаслужен за навистина големите три бода на Реал.
Сепак, Крос беше жртва на експлозивен дриблинг на Меси, што покажува дека Аргентинецот е сè уште незапирлив во ситуации „еден на еден“.
Играчот од средниот ред на „Кралевите“ се обиде му ја одземе топката на Меси, што капитенот на Барса едвај чекаше, и со одличниот дриблинг помина како Крос да не е таму.
— Best of Football (@BestofFootball8) April 12, 2021
Во продолжение на таа акција, играчите на Барселона побараа пенал, но судијата Гил Манзано не реагираше. Ова е само една од ситуациите што ги тера Каталонците да му замеруваат на Манзан.