Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Ја фати водителката за гради, па побегна

Колумбиската репортерка Џулиет Гонзалез имаше непријатен момент додека известуваше во живо од Русија.

Таа од Саранск известуваше за „Deutsche Welle“ пред натпреварот Колумбија – Јапонија, но во еден момент, еден навивач ја фати за градите и кукавички побегна.

„Бев таму два часа и се подготвував за вклучување и ништо не ми се случи. Но само што започна програмата, тој ми пријдеи и го направи тоа што го направи, а јас морав да продолжам со програмата, иако сакав да видам каде е и да реагирам. Ние не заслужуваме такот третман“, кажа водителката од Колумбија.