Фудбал
ВИДЕО: Јувентус го реши Интер и го исфрли од трката за скудетото
Јувентус славеше во големото дерби на Италија против Интер (2-0) и повторно се врати на врвот во Серија А. Арон Ремзи го совлада Самир Хандановиќ дури во 55. минута, откако една одбиена топка дојде до него и тој немаше проблем да ја затресе мрежата на „нераѕурите“ за водство од 1-0.
Јувентус со денешната победа има 63 бода, еден повеќе од Лацио. Останува да се види кога ќе продолжи италијанскиот шампионат, со оглед на најавите дека во вторник ќе биде донесена конечна одлука за прекин на Калчо-лигата се додека не биде спречено ширењето на коронавирусот на Апенинскиот полуостров.