Поврзи се со нас

Фудбал

ВИДЕО: Како Куман ги понижува играчите кои не ги сака во тимот?!

Доаѓањето на клупата на Барселона сигурно е врв во кариерата за холандскиот стратег Роналд Куман. Тој е познат како исклучително „жежок“ кон играчите. Тоа особено се однесува на фудбалерите кои ќе ги „отпише“ по неговото доаѓање во тимот. На своја кожа тоа најдобро го почуствува некогашниот фудбалер на Евертон, Оумар Ниасе.

-Беше ужасен. Ми го зема бројот на дресот и го даде на друг играч. Порача дека не сакал да седнувам и јадам на иста маса со тимот, туку да јадам со младинскиот состав. Уште многу работи се случија. Работеше одредени работи  да види дали ќе се откажам и ме буткаше до крајните граници, изјави Ниасе.

Сенегалецот во текот на престојот на Куман на „Гудисон Парк“ замина на позајмица во Хал Сити, а потоа една сезона одигра и во Кардиф.

По доаѓањето, Куман веднаш направи хаос во Барселона. Имаше храброст на Лионел Меси во лице да му каже дека нема да има слобода во играта, го отпиша Луис Суарез, кој на крајот замина во Атлетико, а отпишан е и младиот Рики Пуиг. Секако, не сметаше ниту на Артуро Видал, кој е нов член на Интер.

Advertisement

Facebook

Реклама