Тајмаут
ВИДЕО: Како риба на суво, руска пливачка тренира дома и стана хит на интернет
Руската пливачка Јулија Eфимова стана хит на социјалните мрежи, откако објави како се подготвува за натпреварување иако е дома во карантин поради коронавирусот.
Ефимова е четирикратна светска шампионка и двократна олимписка вицешампионка во пливање, но поради коронавирусот нема пристап до базените, па пливањето го симулира на суво.