Фудбал
ВИДЕО: Каков меч за Парехо, и наплати на Валенсија за сите солзи и неправдата и тоа со еврогол
Виљареал ја совлада Валенсија со 2:1. Им пресуди нивниот довчерашен капитен Дани Парехо со еврогол. Познато е дека Валенсија во летниот преоден рок го продаде без негова желба, тој дури и плачеше, но сега ги „казни“ за односот кон него.
Претходно Виљареал поведе со голот од пенал на Пако Алкасер, а Валенсија израмни преку Гуедес.