Фудбал
ВИДЕО: Какво лудило на „Олд Трафорд“, за седум минути три голови
Во моментов во Премиер лигата се игра дерби меч, Манчестер Јунајтед е домаќин на Тотенхем. По 30-тина минути игра водат гостите со 3:1. Каков само почеток имаше овој дуел. Прво во 2-та минута поведе Јунајтед со голот на Фернандеш од пенал, но две минути подоцна Ндомбеле израмни на 1:1. За нов гол се чекаше уште три минути, кога Сон му донесе водство од 2:1 на Тотенхем. Во 31-та минута Хари Кејн носи водство од 3:1, а претходно во 27-та Марсиал заработи црвен картон.