Фудбал
ВИДЕО: Какво промашување на планираното засилување на Барселона
Холандија синоќа загуби од Мексико со 1:0, а за овој резултат најмногу ќе жали Мемфис Депај кој во 88-та минута имаше фантастична шанса за израмнување, но наместо мрежата, од непосредна близина ја погоди само пречката.
Инаку, Мемфис Депај во преодниот рок беше на чекор до Барселона, сепак трансферот не се реализираше, но најавите се дека во јануари тој ќе го напушти Лион и ќе се пресели во Каталонија.