Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Камерите престанаа да го снимаат, болидот преполовен: Шумахер доживеа страшна несреќа!

Веќе во првиот дел од квалификациите ја видовме веројатно најголемата сензација на денешните квалификации бидејќи Луис Хамилтон не успеа да мине во Q2.

Сепак, на самиот старт од вториот дел од квалификациите тие беа прекинати поради тешката несреќа што ја доживеа Мик Шумахер.

Возачот на Хас направи голема грешка на почетокот на својот брз круг, поради што со голема брзина се заби во ѕид.

Камерите веднаш престанаа да го снимаат возачот на Хас, а неколку минути воопшто немаше информации за состојбата на германскиот возач.

Но Хас потоа конечно се огласи и објави дека Шумахер е на пат кон медицинскиот центар и дека бил свесен кога дошле лекарите и дека комуницирал со нив.

Јасно беше дека Шумахер доживеа навистина тешка несреќа, но во моментов најважно е да е добро и да нема сериозни повреди.

За каков удар станува збор најдобро се виде кога камерите забележаа дека автомобилот на Хаас е целосно преполовен.