Фудбал
ВИДЕО: Камерите снимиле се, Роналдо до Пепе-Ќе те победам без разлика дали си на теренот или не!
Португалскиот тим Порто направи сензација откако го елиминираше Јувентус и се пласираше во четвртфиналето на ЛШ. На нивниот реванш, камерите снимија интересен момент. Познато е дека Роналдо и Пепе се добри пријатели, особено од репрезентацијата, а играа заедно и во Реал Мадрид.
При еден корнер, Пепе се жалеше на повреда, се чинеше дека не може да продолжи, па Кристијано Роналдо низ насмевка му порачал дека ќе го победи без разлика дали ќе биде на теренот или не.
Пепе се врати и играше до крај. На крајот последен се смееше токму Пепе, бидејќи и покрај поразот од 3:2 се пласираа во четвртфинале благодарејќи на победата на домашен терен од 2:1.