Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Катастрофа на Ливерпул, го доживеа најголемиот пораз откако постои Премиер лигата

Сите се лудеа на поразот на Манчестер Јунајтед од Тотенхем со 6:1. Но, тоа беше така се до пред неколку минути кога заврши дуелот Астон Вила-Ливерпул. Актуелниот шампион загуби со неверојатни 7:2, што е највисок пораз на „Црвените“ откако постои Премиер лигата. Најдобрата англиска лига од 1992 година го носи името Премиер лига, а во овие 28 години Ливерпул никогаш не примил седум голови.

Најголемиот пораз вооппшто во клупската истроија Ливерпул го доживеал во 1954-та година од Бирмингем Сити со 9:1 во рамките на Втората англиска дивизија.

Вечерва против шампионот на Англија три пати погоди Ваткинс, два пати Грилиш и по еднаш Баркли и МекГин. На спротивната страна двата гола беа дело на Мохамед Салах. Како што е познато Алкантара и Мане се во карантин поради коронавирус, голманот Алисон, потоа Чембрлејн, Матип се повредени, но секако ова за ваков пораз не е оправдување.

Претходно за потсетување Манчестер Јунајтед на домашен терен загуби од Тотенхем со 6:1.