Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Кога Гатузо ќе се изнервира, сака да се тепа!

Наполи синоќа го совлада Лацио со 3:1, но сепак тимот на Џенаро Гатузо следната сезона ќе остане без европските купови, секако доколку не се случи чудо па оваа сезона да ја освои Лигата на шампионите. Со 62 бода Наполи завршува на 7-то место на табелата, што секако е под очекувањата.

Гатузо влезе во вербална расправија со физиотерапевтот на Лацио, Алекс Маџи, кој наводно дофрлил користејќи го зборот Тероне, кој е навредлив за луѓето од јужниот дел на Италија. Но, вербална расправија имала и со тренерот на лацијалите Симоне Инзаги. Сепак поголем инцидент спречил директорот на гостите Игли Таре.

Добро е што по мечот сите ја признаа вината и се извинуваа.