Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Компани го доведе својот поранешен соиграч

Андерлехт доведе звучно засилување за наредната сезона, а тоа е во името на Самир Насри.

Поранешниот француски репрезентативец пристигна во Белгија и потпиша договор на една година, со можност истиот да биде продолжен на уште една сезона.

Искусниот 32-годишен крилен напаѓач пристигна во Андерлехт како слободен играч, откако му истече договорот со Вест Хем. Поранешниот играч на Марсеј, Арсенал и Манчестер Сити пристигна во Андерлехт на покана на својот поранешен соиграч Винсент Компани, кој се врати во својот матичен клуб каде во наредната сезона ќе ја има улогата на тренер-играч.

„Имав повеќе одлични понуди, но сепак се одлучив за Андерлехт бидејќи имам голема желба да му помогнам на Винсент и клубот во остварување на нивните планови.“ – истакна Насри.

Извор: Дриблинг