Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Контраверзен гол на Мората, убедлива победа за Челзи

Фудбалерите на Челзи славеа со 3-1 во 15. коло од Премиер лигата. Совладан е Њукасл во меч со преврт откако гостите со погодокот на Гејл водеа со 1-0.

До крајот на првиот дел Еден Азар и Мората го свртеа целосно резултат. Контраверзен гол на Мората, се пишува дека се оттурна од играчот на Њукасл кои сигнализираше фаул, но судијата се одлучи да го признае голот.

Конечните 3-1 беа дело повторно на Азар од пенал.