Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Контроверзен пенал на Мерсисајд дербито, Руни ја расипа забавата на Ливерпул

Ливерпул може да жали што освои само бод во дуелот со лутиот градски ривал Евертон, „Црвените“ доминираа и имаа шанси, но гостите останаа непоразени благодарејќи на контроверзен пенал.

Резултатот го отвори Мохамед Салах кон финишот на првиот дел. Репрезентативецот на Египет одлично се ослободи од двајца противници, а потоа уште поубаво пласираше на подалечната статива за 1-0.

Сепак, во 76. минута, гостите изедначија на 1-1 откако судијата контроверзно покажа на белата точка за минимален контакт помеѓу Ловрен и Калверт Левин.

Руни ја превезе одговорноста, биеше по средината од голот и ја расипа забавата на домаќините.