Фудбал
ВИДЕО: КПР му го „честиташе“ новиот договор на Солскјаер и ја наполни мрежата на Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед доживеа убедлив пораз на пријателски меч против КПР и тоа на денот кога тренерот Оле Гунар Солскјер потпиша нов договор, односно на денот кога тоа го соопшти неговиот клуб. КПР славеше со убедливи 4:2.
Јунајтед поведе со голот на Линград по 3 минути игра, а израмни Остин четири минути подоцна. Следуваа фуриозни шест минути на КПР, од 53-та до 59-та постигна три гола, два беа дело на Дјукс, а еден на Одибајо. Еланга во 73-та го ублажи поразот на Јунајтед.
Следниот пријателски натпревар на Манчестер Јунајтед е за четири дена, против Брентфорд.
Инаку, денеска Јунајтед соопшти дека го продолжиле договорот со Солскјер до 2024-та година.