Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Крвава сцена на натпреварот Франција – САД

Жиру заврши со шест конци на главата, и за него Мундијалот е под знак прашалник.

На вчерашниот пријателски натпревар на Франција и САД (1:1) во Лион имаше една крвава сцена по судирот на Оливер Жиру и Мат Миазг.

Откако се судрија со главите, Жиру и Миазг останаа да лежат на тревата, а потоа и двајцата мораше да бидат сошиени. Жиру доби шест, а неговиот ривал, дури 15 конци.

Се сомнева за потрес на мозокот кај двајцата фудбалери, па не се знае дали Жиру ќе заигра на светското првенство во Русија, што би било навистина болно, затоа што ова се случи на пет дена пред почетокот на Светското првенство.

Во текот на денот би требало да добиеме некакви ин формации за нивната здравствена состојба.