Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Куче прекина меч од втората турска лига

Директен слободен удар на дуелот помеѓу Фатих Карагиумрик и Гиресунспор во турската втора лига. Ништо интересно досега. Но, зад топката застана … куче. Тоа беше толку мотивирано да настапи што помина голема далечина, ги стави шепите на топката и не му ја даде на никого.

По неколку обиди да му ја одземат, двата тима успеаја со здружни сили. Најдобрата идеја беше да ја исфрлат топката надвор од теренот бидејќи кучето ј бркаше.

На крајот, четириножниот пријател беше изнесен надвор од стадионот. Натпреварот заврши со победа од 2: 1 за Карагиумрик.

https://youtu.be/vjlD3TpaKD4

Извор: Lokalno.mk