Фудбал
ВИДЕО: Куртоа „крал“ до 2026-та година
Голманот Тибо Куртоа го продолжи договорот со Реал Мадрид за нови пет години, односно ќе остане верен на „Кралевите“ до јуни 2026-та година. Деталите од новиот договор не се познати.
Тибо Куртоа во Реал Мадрид пристигна во 2018-та година и од тогаш, па до денеска настапи на над 100 натпревари.
✍️ #Courtois2026 pic.twitter.com/HESsIfzd3j
— Real Madrid C.F. ???? (@realmadriden) August 16, 2021