Поврзи се со нас

Фудбал

ВИДЕО: Лудница во Барселона, поради човекот кој допатува со Меси на аеродромот

Репрезентативните обврски завршија, фудбалерите се враќаат во клубовите. Па, така Лионел Меси со приватен авион пристигна во Барселона. Меѓутоа, во авионот не беше сам. Со него беше Лаутаро Мартинез, големата желба на каталонскиот тим.

Веднаш настана „лудница“. Новинарите го „нападнаа“ играчот на Интер, се разбира со прашања за неговиот трансфер во Барселона, но останаа без одговор.

Лаутаро подолго време се поврзува со Барселона. Наводно каталонскиот тим има желба да го донесе, но Интер не го дава под 90 милиони евра. Во моментов оваа сума и за Барселона е преголема.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама