Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Луис Суарез едноставно не можеше да издржи, го совладаа емоциите на простувањето

Посебна прес конференција организираше Барселона на која му овозможи на Луис Суарез да се прости со навивачите, фудблерите, но и сите луѓе во клубот со кои ги делеше среќните и тажните моменти во изминатите шест години.

Суарез заминува во Атлетико Мадрид, бидејќи новиот тренер Роналд Куман не смета на неговите услуги.

Емоциите го совладаат, заплака на прес конференцијата, а гласот постојано му трепереше. Сето ова е разбирливо, помина шест години во клубот, освои се што можеше да се освои, а на крајот не заминува по своја волја, туку волјата на некој кој штотуку дошол во клубот.

За одлуката на Куман дека не смета на него рече дека ја почитувал, но само барал да тренира со тимот додека не најде решение.

-Тешко е да заминам. Сонот ми се исполни кога дојдов тука. Не ни сонував дека кога ќе заминувам ќе имам таква статистика и бројки. Свесен сум дека дојде крајот на една ера и можеме да бидеме горди. На клубот му требаа промени, а тренерот не сметаше на мене, изјави Суарез низ солзи.