Кошарка
ВИДЕО: Мајами ја одигра најслабата четвртина во клупската историја
Екипата на Мајами Хит на синоќешниот дуел со Чикаго ја одигра најслабата четвртина во својата историја постигнувајќи само седум поени во првите 12 минути.
И покрај тоа, Мајами славеше победа во „Јунајтед Центар“ против домаќинот со 100:93.
По 13:7 за Чикаго во првиот период, Мајами го доби вториот со 38:29, разлиак што се покажа клучна за конечниот исход.
Словенецот Горан Драгич со 24 поени беше најефикасниот играч во победничкиот состав.
Досегашниот биланс на Мајами оваа сезона во НБА лигата е 10-9 (победи-порази), доека Чикаго е на скор 3-15.