Кошарка
ВИДЕО: Мајсторија на Дончиќ, посрамотениот Кори Џозеф не знаеше каде се наоѓа
Лука Дончиќ одигра уште еден прекрасен натпревар во НБА-лигата.
Словенецот обезбеди брутална игра во победата на Далас Маверикс над Сакраменто (114: 110) и натпреварот го заврши со трипл-дабл ефект од 34 поени, 20 скока и 12 асистенции.
Сепак, она што го направи Дончиќ на играчот на Сакраменто, Кори Џозеф, ќе се памети, затоа што канадскиот кошаркар беше буквално изгубен.
Where you going, Cory Joseph? ??? pic.twitter.com/zjZUg3KAOK
— NBA Central (@TheNBACentral) August 4, 2020
Џозеф се обиде да го запри Дончиќ. Сепак, на крајот, тој испадна од игра, изгледајќи како да се изгуби во времето и просторот.