Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Македонскиот дијамант нека блесне и вечерва, Словенија „муштерија“ на Елиф Елмас

Македонската фудбалска репрезентација вечерва со почеток во 18:00 часот игра пријателски меч со Словенија. Токму против оваа селекција Македонија го одигра првиот меч воопшто во историјата, кога во Крањ славевме исто така на пријателски меч со 1:4. Од тогаш, па до сега, двете селекции одиграле пет меча. На страната на Македонија е позитивниот скор. Од вкупно пет меча, имаме три победи, еден пораз и едно реми.

На последниот меч во Скопје славевме со 2:0, а тогаш блесна „македонскиот дијамант“ Елиф Елмас со два гола. Секако не би имале ништо против ова да се повтори и вечерва.